МАКЕДОНСКО НАРОДНО ТВОРЕШТВО

Децата од група „Бубамара“, на возраст од 5-6 години, од објект Јасмин преку разговор и проследена народна приказна ги збогатија своите искуства и знаења за македонското народно творештво. Потоа се запознаа со почетните чекори на македонско народно оро, но и моделираа од глинамол традиционални глинени садови.
Цели на оваа активност се: потикнување на детската љубопитност и креативност, негување позитивни чувства кон нашата традиција и македонското народно творештво.