Децата од групата „Бубамари“ од Матичниот објект на градинката, на возраст од 4 – 5 години изведуваа вежби за одење на прсти и пета преку натпреварувачка игра во холот на градинката.
Наредени во две колони децата се натпреваруваа во одење на прсти и пета, движејки се право, кружно и цик – цак.
Целта на активноста е да се развива способноста на децата за рамнотежа при сложени локомоторни движења. Истражување на различни движења на сопственото тело.
