Децата од групата „Синолички”, на возраст од 5-6 год, со обработка на текстот “Цветко и црвот” се поттикнуваа на правилна артикулација и дискриминација на гласот „Ц”.
Преку активноста децата се поттикнуваа на правилен изговор на гласот “Ц”, негово разликување со помош на интонација со продолжување во почетокот, средината и на крајот на зборот.
Преку игра визуелно го воочуваа гласот “Ц” и поединечно изговараа зборови во кои тој се наоѓа, со што практично го вежбаа неговиот изговор.
Цели на активноста беа развивање на слушната дискриминација: слушно внимание (способност да се слуша говорот и гласовите од кои се состои), фонематски слух (разликување на гласовите во говорот), забележување на силината и височината на гласот, усовршување на способноста за јасно изговарање на гласовите и развивање на правилно функционирање на говорниот апарат.
