Децата од група Ѕвончиња на возраст од 5-6 години од објект Парк во текот на денешната активност се запознаа и ги проширија знаењата за жива и нежива природа. Целта на активноста беше запознавање со карактеристиките на живата и неживата природа, нивните разлики и нивната взаемна поврзаност.
