Децата од групата „Ѕвездички“, на возраст од 3-4 години, од објект „Јасмин“, денес преку ликовно-истражувачката игра „Весел Снешко“ покрај тоа што ги истражуваа материјалите за работа за да креираат Снешко, тие ја развиваа фината моторика на дланките и прстите.
Целта на активноста беше да се поттикнува упорноста на детето да стекнува нови искуства низ активности на истражување, да се негува трпеливост, истрајност во работата се до нејзино завршување и да се поттикнува самостојноста во користењето на различен ликовен и останат неликовен материјал.
