Децата од групата Медени Мечиња на возраст од 2-3 години, од објектот Јасмин, преку сензомоторната игра „Со многу бои, елката ни стои“, ги развиваа своите фини моторички способности.
Активностите ги започнавме со вежби за раздвижување и игра со топчиња во боја, потоа децата носеа топчиња и истите ги протнуваа во соодветен отвор на елката.
Целта на активноста е поттикнување и развој на фината моторика, стисокот на дланката и манипулативната спретност, визео-моторната контрола и визуелната способност за разликување на бои.
