Децата од групата „Пчелки“, 4-5 години од објектот Парк денес му помагаа на Дедо Мраз: тие јавлечеа неговата санка и ја носеа торбата полна со подароци. Цел на активноста „Санката на Дедо Мраз“ (подвижна игра за влечење и носење товар) беше поттикнување правилен раст и развој кај децата, јакнење на мускулатурата на горните екстремитети и правилна ориентација во просторот движејќи се низ него по обележана патека.
