НОВОГОДИШЕН КОНЦЕРТ

Денес на децата од Матичниот објект им беа гости учениците од ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“ кои приредија Новогодишен концерт - вистинско уживање. Учениците преку своите инструменти вешто ја доближија класичната музика до најмалата популација за што децата од градинката им возвратија со многу среќни насмевки и аплаузи. Огромно БЛАГОДАРАМ упатуваме за сите учесници, како и на нивните професори и ментори.