Во саботата на 05.03.2022 во нашата градинка „13 Ноември“ - Објект Јасмин од страна на воспитувачите Даниела Раичковиќ и м-р Сања Алексоска се организира настанот „Играме и споделуваме“ во рамките на програмата Социјална кохезија и културен дијалог кој е подржан од МТСП, Бирото за развој на образование, Уницеф и Македонски центар за граѓанско образование.
Потребата од оваа програма произлегува од истражувањата кои покажувааат дека децата од предучилишната возраст кои имаат силна емоционална основа поседуваат капацитет подобро да управуваат со секојдневните социјални интеракции.
Спроведувајќи ја програмата за Рано учење и развој се имплементираа стратегии и методи за да се обезбеди баланас за стекнување на вештини заедно со когнитивниот развој, развојот на говорот и описменувањето но и да се стави и акцент на социоемоналниот развој кај децата. Децата преку техниките на СЕУ (вежби за растегнување, длабоко дишење, фокусирање) практично ги покажаа своите стекнати вештини во градинка, а нивните родители се запознаа со значењето и правилната примена на техниките во домашни услови.
Целта на овој настан беше промовирање на современиот начин на работа на градинката и практична примена на техниките во домашни услови од страна на родителите.
Успешно поминат ден, среќни деца и задоволни родители.
