Децата од сите објекти на градинката традиционално со пролеттен хепенинг го одбележаа пристигнувањето на пролетта. Со песна и во весела атмосфера, на убав сончев ден засадија цветни и зимзелени садница во дворовите на градинката. Децата со своите вредни раце го оплеменија и збогатија хортикултурниот амбиент во градинката и како прави екологисти се грижат за својата околина. Пролетните песни кои се слушаа во дворовите дополнително го збогатија настанот. Голема благодарност и до родителите за нивната соработка и позитивен одзив за донирање на пролеттни садници во градинката.
