Децата од група „Ѕвездички“ на возраст од 3-4 години, од објект Јасмин, преку драматизација на текстот „Пролетни цвеќиња“ се поттикнуваа на активен говор, но и се поттикна детската љубопитност.
Активноста ја започнавме со директно набљудување на пролетните цвеќиња, при што децата ги утврдуваа веќе стекнатите знаења за карактеристиките на пролетните цвеќиња (лале и зумбул). Потоа беа во улога на пролетни цвеќиња и го драматизираа текстот во центарот за игри со улоги и драматизација. На крајот активноста ја завршивме во уметничкиот центар со боење во контура пролетни цвеќиња.
Цели: Да се оспособи да изведува некои елементи на драматизација. Да се поттикнува и да развива способност за раскажување и изразување со куси целосни реченици.
