ЕДЕН, ДВА, ТРИ, СКРИЈ СЕ СЕГА ТИ!!!

Децата од групата „Медени Мечиња“ на возраст од 2-3 години од објектот Јасмин, преку подвижната игра „Скриј се во куќичката“, на однапред поставен полигон од разни спортски реквизити изведуваа вежби за лазење и провлекување, и одење до определената цел - куќичката.
Целта на активноста беше да се развиваат моторичките вештини, да се развива способноста за координација на рацете и нозете при основните природни движења: одење, лазење и провлекување, да ги запознаат децата своите можности и способности за движење како и негување на ведро расположение и позитивни чувства кај децата.