РАБОТИЛНИЦИ ЗА ЕМОЦИОНАЛНА ПОДДРШКА “Points of You“

Како дел од годишниот проект за емоциите, во сите објекти на градинката, вон работното време, за воспитниот кадар и стручниот тим се организираа три психолошки работилници од страна на Јорданка Черепналкова Трајкоска, психолог со долгогодишно искуство во својата област. Истите беа насловени како: „Моето искуство од пандемијата“ и беа насочени кон споделувања на негативни и позитивни искуства и емоции кои произлегоа од изминатите години и кои се акумулирани поради Пандемијата со Ковид 19. Во текот на истите вработените ги споделија помеѓу себе, во круговите на доверба, сите предизвици и потешкотии кои таа ги предизвика кај секоја индивидуа. Овие работилници се работени според познатата психолошка и психотераписка методологија Points of You. Истите беа наменети и како помош во справување со психолошките бариери и создавање на тимови за психолошка поддршка помеѓу вработените на нашата градинка.

„За да можеме да се грижиме за другите, неопходно е пред се да се грижиме за себе. Воспитниот кадар од ЈУДГ “13 Ноември” имаше можност да погледне на изминативе скоро две години од животот во пандемија, низ креативните алатки на методологијата Points of You. Со помош на музика, фотографии и приказни воспитувачите погледнаа во себе, своите чувства, искуства и мисли, ги споделија своите гледишта. Преку ваков вид работилница воспоставија одлична емоционална поддршка и основа за понатамошна групна поддршка во секојдевната работа. Научивме да најдеме барем 5 минути во денот да се прашаме “Како сум?”. Со ова прашање се враќаме во сегашноста на мигот и стануваме подобри воспитувачи, родители, колешки…“ (Јорданка Черепналкова Трајкоска).

Воедно и благодариме на Јорданка Черепналкова Трајкоска, за несебичната поддршка и ангажман реализиран од нејзина страна како подарок за градинката.

Фотографиите можете да ги погледнете на следниот линк: