ИСПРАЌАМЕ ЖЕЛБИ ЗА ДЕЦАТА ОД ЦЕЛИОТ СВЕТ

Другарчињата од групите „Медени Мечиња“ и „Ѕвездички“ од објектот Јасмин на сите деца во светот им посакуваат - најубави желби, милион насмевки и среќно и безгрижно детство. Преку игри, песни, сказни и приказни разни ја одбележавме „Неделата на детето“ зошто секое дете заслужува насмевка на своето лице!

„УБАВИ ЗБОРОВИ“

Ајде да измислуваме убави зборови!
Еве вака: Да биде Радост, наместо Мака!
Се што е  насилно, свирепо, грубо -
нека го носи името – ЉУБОВ.
Вистина ставаме, наместо Лага,
Смеа и Веселба, наместо тага.
Болката нека е Ведрина сега,
А сите Војни да станат Шега.
Црното нека си остане боја,
но да не тежи во душата твоја.
Солзите-мака в срце што носат,
нека се претворат во капки Роса.
 
Автор – Видое Подгорец