ЗДРАВИ ЗАБИ - ЗДРАВИ ДЕЦА

Во нашата градинка продолжи етапно, како што е планирано, да се реализира проектот „Караван за здрави заби", овојпат за децата од објектите Парк и Кукушка, кој е во реализација и организација на Општина Центар, а во соработка со Стоматолошкиот факултет и Катедрата за превентивна и детска стоматологија во Скопје.

Активностите кои го привлекоа вниманието на децата, опфатија разни едукативни презентации и материјали кои на интерактивен начин децата ги запознаа и подучија за правилното четкање заби, како важен аспект за превенција и оралното здравје и ја исполнија целта која овој проект ја предвидува.