Децата од групата Цветчиња на возраст од 2-3 години од Матичниот објект ги проширија своите знаења за пролетните цвеќиња. Потоа одбравме контура на лале за да го бојат во контура со восочни боички.
Целта на оваа активност е да се оспособат децата посигурно да ракуваат со цртачките материјали, да се развива фокусирано внимание при боење во контура и да не се излегува од истата, како и развој на фината моторика.
