Децата од групата пчелички на возраст од 2 – 3 години, од Матичниот објект, преку набљудување и рзговор се запознаа со првите пролетни цвеќиња (лале, зумбул, нарцис), со посебен акцент на лалето како негово препознавање, именување и опишување.
Најнапред слушаа и пееа песна за годишното време пролет и се потсетија на неговите карактеристики.
Потоа за секое дете имаше по едно саксиско цвеќе, кое го разгледуваа и се запознаваа со цветот, стебленцето и ливчињата,а имаа можност и да ги допрат.
На крајот на на активноста, со однапред изработени апликации, децата се почуствуваа и имаа улога како пролетни цвеќиња.
Цели на активноста: Да се користи набљудувањето како средство за стекување сознанија и учење нови нешта. Да се поттикнува користи сетилната перцепцијата. Да се поттикнува интересот и љубовта кон растителниот свет.
