Во Матичниот објект на нашата градинка започна проектот „Караван за здрави заби" што се реализира во организација на Општина Центар, а во соработка со Стоматолошкиот факултет и Катедрата за превентивна и детска стоматологија во Скопје.
Проектот има цел да ја подигне свеста за оралната хигиена и здравјето кај децата уште од најрана возраст и да креира нови модели за здрав начин на исхрана во детските градинки што е неопходно за правилен раст и развој кај децата.
Активностите опфаќаат разни едукативни презентации и материјали кои ќе ги едуцираат децата за правилното четкање заби, како важен аспект за оралното здравје.
За време на првиот настан реализиран на 05.08 стручниот тим од доктори ги презентираа придобивките од секојдневното четкање заби, а децата добија информативни брошури со едукативни содржини и подарок четка и паста за заби од општествено одговорната компанија Curaprox Macedonia, партнер на проектот.
Во проектот ќе бидат опфатени деца од двегодишна до шестгодишна возраст од трите детски градинки и од клоновите во Општина Центар, а целиот проект ќе се реализира во текот на летниот период.
