Децата од групата „Рипчиња“, на возраст од 3 до 4 години, од објектот Парк ја читаа сликовницата „Фарма“, ги „хранеа“ животните на фармата и ја играа дидактичко-манипулативната игра: Пронајди ја контурата на животното.
Целта на оваа активност беше: слушање и разбирање на говорниот јазик и развивање на комуникациските вештини, како и правилно разгледување на сликовницата. Освен тоа децата ги утврдуваа своите знаења и способности за препознавање, именување и класификација на домашните животни според местото на нивното живеење, родот и карактеристиките.
