Децата од група „Ѕвончиња“ на возраст од 5-6 години, од објект Парк се запознаа со народните носии од Македонија како дел од македонското народно културно богатство. Тие ги набљудуваа, именуваа и препознаваа деловите од женската и машката облека. Во продолжение декорираа исечени делови на фута и чорап, со колаж хартија. Целта беше да ја развиваат креативноста и да ги доловат типичните шари на носиите.
