ЕДНА ПЛАНЕТА ИМАМЕ, СИТЕ ДА ЈА ЧУВАМЕ

Децата од градинката го одбележаа 22 април - Денот на планетата Земја. Настанот кој што се реализира беше од јавен карактер. Учество земаа децата од големите групи, на возраст од 5-6 години од објектот Парк, каде и што беше организиран самиот настан. Секоја воспитна група настапи со своја музичко-сценска точка и пригоден рецитал.

Главна цел беше да се подигне нивото на свесност кај децата за зачувување на животната средина, и дека со засадување на дрвја, зелени садници и пошумување, како и со грижата на истите можеме да ја зачуваме планетата Земја.

Голема благодарност до родителите кои преку нивна донација заедно со децата се вклучија во уредување на одредено катче во дворот на градинката, и тоа засадување на зимзелени дрвца, дополнети со декоративни елементи. Секое дрвце претставува симбол како треба да ја чуваме планетата земја и да се грижиме за истата.

Настанот беше подржан од Виталиа, нивен претставник се обрати до присутните, за тоа како од здрава и чиста планета добиваме здрави производи за јадење и нивната потреба за вклучување во исхраната. Истите производи децата и присутните родители имаа можност да ги дегустираат. Со тоа се овозможи настанот да биде дополнително збогатен.

На овој хепенинг присуствуваа деца од објектот, родители и вработени. На крајот на самиот настан децата во дворот поставија и еко пароли околу катчето кое беше декоративно уредено и засадено со дрвца и цветни садници.

Настанот ги поврзува и сплотува децата, насочувајќи ги кон прашања од областа на животната средина, ја зголемува свесноста на децата за важноста на дрвата и шумите во светски рамки. Садењето на дрва ја симболизира надежта и трајноста на животот.

И додека секој од нас не може да делува глобално, дури и најмалиот локален напор да се промени нешто ќе се почувствува и ќе влијае на зачувување на Земјата.