Во сите објекти на градинката беа подготвени куклени претстави за децата од страна на воспитниот кадар. Матичен објект „Пролетно будење во шумата“, објект Парк „Пролет во шумата“, објект Јасмин „Пролетно будење“, објект Кукушка „Новороденче во шумата Еколо“. Темите на сите претстави беа во знакот на пречекот на првиот пролетен ден. Преку интерактивна содржина, со песна и музика децата во весела атмосфера ја проследија претставата. Целокупната сценографија целосно ја дополни темата за пролет, при што за децата тоа претставуваше дополнително задоволство.
