ПРЕТСТАВА ВО НАШАТА ГРАДИНКА

На 22.09.2021 година, во претпладневните часови, на големо задоволство на децата, во дворовите на објектите беше изведена премиерно интерактивната, музичко-драмска претстава „Писмото од кралот”. Оваа претстава им понуди можност на сите присутни гледачи да влезат во светот на музиката и да патуваат со многу насмевка. Особен акцент во содржината на претставата беше чувањето на здравјето, бон тон однесувањето, и како да се грижиме за себе и за сите околу нас во секојдневиоето. Целата содржина беше поврзана и ненаметлива бидејќи беше изведена преку моќта на  музиката, а реализирана од професионален оперски пејач, пијано, мандолина и труба, сите членови на Тријангл Плус.