КОКИЧЕНЦЕ БЕЛО

Децата од групата „Пчелички“, на возраст од 2 – 3 години, од Матичниот објект, преку набљудување и разговор се запознаа со цвеќето кокиче кое прво ни ја најавува пролетта. Потоа децата слушаа песна за кокичето.
На крајот на активноста со однапред изработени круни во форма на кокичиња и соодветна облека децата се почувствуваа и имаа улога како кокиче.
Цели на оваа активност:
Да се развива перцепцијата.
Да се користи набљудувањето како средство за сознанија и учење.
Да се поттикнува интересот и љубовта за растителниот свет.