ЗА БЕЗБЕДНА ИГРА И УЧЕЊЕ – НОВИ ДИДАКТИЧКИ ПОДЛОГИ
Грижата за нашите деца продолжува! Градинката оваа есен, соодветно протоколите за Ковид 19, за децата обезбеди нови дидактички подлоги кои се поставија во центрите за интерес во воспитните групи. Истите се меки, лесно одржливи и водоотпорни, поради што освен пријатна и безбедна игра овозможуваат лесно и практично одржување на хигиената на истите. Нивните бои и дезени со дидактички елементи веднаш прераснаа во место на забава и учење. Децата со радост ги прифатија и веднаш заиграа.
