“Бубамарите полетаа, до училиште долетаа“
Видеото е посветено на нашите Бубамари, идните генијалчиња, идните првачиња.
Другарчиња наши
среќно да ви биде
времето што иде.
Но ете дојде и тој ден
да се разделиме ние,
градинката наша
горда е на вас
и засекогаш ќе бидете
дел од нас.
Во училиште заминувате
но со градинката можете
секогаш да другарувате.
Голема благодарност до родителите за нивната сигурност, доверба и соработка изминативе години.
Воспитувач: Драгана Аневски
Неговател: Жаклина Николовска
Јуни 2021