Убав ден, Велигден

Децата од сите објекти на градинката традиционално, во пресрет на Велигден, со разни активности го пречекаа овој голем празник. На темата „Велигден во нашата градинка“, децата  активно работеа и најнапред се запознаа со традицијата и обичаите за овој голем празник, читаа разни приказни, текстови, слушаа велигденски песни, креираа разни ликовни творби. За весела и празнична атмосфера во градинката се изработија разни велигденски честитки, велигденски украси, велигденски декорации и сите овие изработки подготвени од децата и помош од возрасните ги украсија просториите на градинката, а со тоа уште создадоа празнична атмосфера на овој празник и на сите им порачаа: СРЕЌНИ ВЕЛИГДЕНСКИ ПРАЗНИЦИ.