ДЕЦАТА ОД ГРАДИНКАТА „13 НОЕМВРИ“
ПРЕКУ РАЗНИ АКТИВНОСТИ ЈА ПРОСЛАВИЈА НЕДЕЛАТА ПОСВЕТЕНА
НА ДЕТЕТО И СВЕТСКИОТ ДЕН НА ДЕТЕТО
Во првата недела во месецот октомври се одбележува ДЕТСКАТА НЕДЕЛА.
За таа цел, оваа година во нашата градинка под мотото „Од дете за дете“ се реализираа разни активности. Најнапред во пресрет на оваа недела се организираше хуманитарна акција на тема „Од зимницата на баба јадам и детски срца сладам“, која благодарение на подршката и соработката со родителите истата беше успешно реализирана. Од нивна страна беа донирани тегли зимница.
Исто така се организираше и хуманитарна акција каде градинката донираше свои детски ќебиња.
Донацијата од двете хуманитарни акции ги организираше градинката, а во соработка со претставници од општина Центар истата беше доставена онаму каде што беше потребно.
Во сите објекти на градинката за децата беа реализирани куклени претстави во кои беа разработувани содржина од секојдневниот живот на децата, со пораки за важноста на другарството, како и значајноста на доброто однесување помеѓу другарчињата, споделувањето, дружењето во градинката. Куклените претстави беа подготвени од воспитниот кадар.
Исто така беше организиран и Ден на детското творештво, каде децата од твореа во разни техники на теми: „Детски свет“, „Детски желби“, „Детски сништа“, „Среќно детство“, „За сите деца на светот“, „Пораки до сите деца“ и др. Детските творби, желби и пораки се изложија на организирани изложби во воспитните групи на градинката.
Децата од градинката поминаа весели моменти исполнети со другарување, и преку разни подвижни, натпреварувачки и спортски детски игри во дворот на градинката. Беа организирани со цел да се поттикне дружењето кај најмалите, да се наметне стекнување на здрави навики за спортување, рекреација , а пред се да се влијае на создавање подобра, попријатна и потолерантна средина помеѓу децата од предучилишна возраст.
