Полетаа балони со детски желби

Денес во сите објекти, по повод Неделата посветена на детето, децата од големите групи заедно со своите воспитувачки, посакаа желби кои ги посветија на децата од сиот свет.

За оваа активност децата: ги нацртаа своите желби и желбите до непознатото другарче, посакуваа многу убави нешта. Потоа воспитувачките ги запишаа пораките, истите ги врзаа за разнобојните балони кои пак, од дворовите на објектите, ги пуштија да полетаат кон небото.

Којзнае, можеби, овие балони ќе стасаат во рацете на некое дете, некаде далеку. Ќе му пренесат пораки од нашата градинка и ќе го израдуваат.

Затоа, летајте балони полни убави желби и долетајте до децата од сиот свет!

Ликовен педагог:

м-р Ана Цветкоска-Панова

Фотографиите и видеото може да ја погледнете на следниот линк: