(Запознавање со здрава храна и стекнување на здрави навики)
Со другарчињата од групата „Медени Мечиња“ (2-4 години), од објект Јасмин се запознавме со поимот „Здрава храна“ (што е здраво, а што не здраво да се јаде) и колку е важно за нас да конзумираме (јадеме) здрава храна. Децата се запознаа и со „Пирамидата на исхрана“ (што треба да јадеме повеќе, а кои работи треба да ги избегнуваме), а пред се што ни е потребно за да се чувствуваме добро и растеме здрави.
За да бидеме здрави треба да поминуваме време на чист воздух, да вежбаме и да се забавуваме.
Треба да пиеме многу вода, за да бидеме свежи.
Мора да спиеме редовно за да може да растеме правилно.
И најважно од се треба да се храниме здраво и разновидно.
Другарчињата од групата „Медени Мечиња“ имаа неколку зададени игровни активности:
Да подготвуваат фигури од свежо овошје и зеленчук;
Да подготвуваат вкусна или овошна салата;
Или да моделираат овошје и зеленчук од пластелин
Еве ги изработките од моите дечиња, од вредните раце на „Медените Мечиња“.
Подготвил воспитувач:
Даниела Раичковиќ