Децата од групата „Зајачиња“, 3-4 години од Матичен објект учествуваа во игра „Пронајди го парот од материјали со иста текстура“, со покриени очи. Потоа изработуваа книгички со лепење на материјали со мазна и рапава површина.
Целта е да се збогатуваат сетилните искуствa преку игра со допирање на различни материјали и развивање на сетилото за допир.
