ШАРЕНИ БОИ

Децата од групата „Ѕвездички“, на возраст од 3-4 години, од објект „Јасмин“, преку читање на текстот „Палетата на Мравко“ се запознаа со трите основни бои. Потоа преку разговор за боите кои не опкружуваат, ставајќи акцент на трите основни бои и со игри децата ги перцепираа предметите, ги препознаваа и именуваа основните бои (црвена, сина и жолта), а на крајот и ликовно се изразија боејќи во зададена форма.
Цели:
- Да се поттикнува самостојноста во истражувањето, разликување и именување на основните бои;
- Да се развиваат перцептивните способности кај децата;
- Да демонстрира способност за класификација и серијација;
- Да се развива фината моторика на дланките и прстите.