Децата од групата „Рипчиња“, од објектот Парк, на возраст од 3 до 4 години, имаа можност преку организирана сензо-моторна игра да уживаат во цртање со прсти во брашно на светлечка подлога, како и моделирање на разновидни фигури од тесто со прехрамбени топчиња во боја. Целта на оваа активност беше кај децата да се развива фината моторика, да се развиваат вештини за моделирање со тесто како и да се поттикнат креативните способности. Оваа активност ја поттикна и љубопитноста на децата за истражување, осознавање како и формирање на креативни вештини преку игра и забава.
