Денес во градинката вистинска весела атмосфера. Во салата на Матичниот објект, преку музички поздрав од навивачите - чирлидери, потоа химната на Р.С. Македонија, малите фудбалери со нивните вежби за загревање и натпревар на двата тима, како и натпреварувачи игри на мали полигони беше покажан само дел од активностите кои се реализираа преку целата програмска година во склоп на проектот „ЗАЕДНО ИГРАМЕ - РАСТЕМЕ – УЧИМЕ“. Имено нашата градинка веќе традиционално соработува со СУГС „Јосип Броз Тито“, отсек Диплома програма на меѓународна матура, како дел од КАС програмата под менторство на професорката м-р Ангелина Дамјаноска Наумоска, и професорката Гордијана Ѓоргова, координатор на програмата. Така и оваа година од страна на градинката, а со подршка на учениците се реализираа три проекти: музички инструменти и танц, спортски игри – фудбал и игри без граници. Колку уживаа децата, погледнете и вие!
