НАШИТЕ ВРАБОТЕНИ – АКТИВНИ ЧИНИТЕЛИ

НАШИТЕ ВРАБОТЕНИ – АКТИВНИ ЧИНИТЕЛИ ВО МОДЕРНИЗАЦИЈАТА НА ВОСПИТНО-ОБРАЗОВНИТЕ ПРОЦЕСИ

ЈУДГ ОЦ „13 Ноември“ на вториот семинар на тема: „Форми на модернизацијата во работата со надарени деца“ во организација на Здружението на воспитувачи на Македонија, оддржан на Економскиот факултет во Прилеп беше активен учесник - презентер. На овој семинар нашата установа се претстави со три стручни труда и тоа: „Креативно дете – среќно дете“ (тим од објект Парк), „Игри за развој на вештини кај надарените деца“ (тим од објектот Јасмин) и „Од игра до театар“ (тим од Матичниот објект). Трудовите беа презентирани од претставници од трите тима раководени од Советникот ликовен педагог пред присутните слушатели (околу 250 на број), односно пред членовите на Здружението, професорите-модератори од Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип и директорки и претставници на воспитно-згрижувачкиот кадар на градинките на РСМ.

Нашите стручни трудови со голем успех беа презентирани и беа позитивно оценети од организаторите на настанот, особено од проф. Кирил Барбареев, кој воедно беше модератор на семинарот, а слушателите покажаа голем интерес и развија  плодна дискусија за секоја тема поединечно и беа заинтересирани за идни стручни соработки и вмрежувања со нашата Установа.