Во пресрет на новогодишните празници во сите објекти на градинката беа подготвни куклени претстави за децата од страна на воспитниот кадар. Матичен објект ја подготви претставата: „Дедо Мраз кај нас“, објект Парк: „Нова година во шумата“, објект Јасмин: „Волшебна новогодишна ноќ“, објект Кукушка: „Новогодишни приказни“. Темите на сите претстави беа во знакот на подготовките и пречекот на Новата година. Преку интерактивна содржина, со песна и музика децата во весела атмосфера ја проследија претставата. Целокупната сценографија целокупно ја дополни темата за зима и Нова година при што за децата тоа претставуваше дополнително задоволство. Новогодишното расположение беше видливо, децата со игра и песна, во новогодишен декориран амбиент се спремни да ја пречекаат Новата година.
