Во склоп на Европската недела на движењето којаоваа година се одржува од 16.09 до 22.09 2021 год. децата од објектот Кукушка на 22.09.2021 година на платото пред фонтаната Лотос, заедно со други деца од градинките на град Скопје учествуваа на манифестацијата под мотото „Движи се за здравје“ (во организација на Детскиот културен центар „Карпош“).
Манифестацијата беше од забавно-рекреативен карактер и подразбира вежби за подобрување на моторичкиот развој кај децата од рана предучилишна возраст.
Децата вежбаа на разни полигони разни вежби со реквизити, но и со велосипед или тротинет.
Целта на оваа манифестација е сите да се потсетиме дека вежбањето е забавно и корисно!
