Завршна приредба
Објект „Парк“
група „Јаболчиња“
ЗА НАШИТЕ ДЕЧИЊА-ЈАБОЛЧИЊА
Јаболчиња дечиња
со црвени обравчиња
во градинка одеа
за раце се водеа.
Учителки со насмевки
на лицата сјајни
им дадоа на децата
љубов и знаења трајни.
Јаболчињата раснеа
со љубов и смеа
со игра и радост
со детски песни.
Јаболчиња наши
патот светол да ви биде
Многу среќа и успех
во животот што ви иде.
Разделбата е почеток
за нашите срца,
јаболкницата е тука
штом срцето за спомени
почне да ви чука!
Воспитувач - Чаневска Благица
Негувател - Кочовска Елизабета
