Видеото е посветено на нашите „Делфини“, идните првачиња на кои им посакуваме успешни и среќни училишни денови.
Времето во градинка како птица лета,
другарство и љубов насекаде цвета.
Да си имаш другарче гордост е и чест,
денес ќе ви соопштам најубава вест.
Итам, брзам кон училиште, во утрина рана,
зошто и јас веќе прваче ќе станам.
Првачиња вредни ќе бидеме ние,
со нас горди, ќе бидете Вие!
Благодарност до родителите за долгогодишната взаемна соработка и убавите мигови споделени заедно со нашите мили „Делфини“.
Воспитувач: Анета Штербинска
Негователка: Мелита Петрушевска
