Во пресрет на Светскиот ден на семејството
Децата од сите објекти на градинката преку разни игровни активности, ликовни изработки и сл. го одбележаа „Светскиот ден на семејството“. Основна цел преку овие активности е развивање на свест кај децата од предучилишна возраст за важноста на семејството во градење на почит и љубов кон семејните вредности.
Преку релизирање на одредени содржини реализирани на оваа тема децата се оспособуваат: правилно да ги именуваат и препознаваат членовите во семејството, да развиваат способност за стекнување на нови знаења за средината и нивното непосредно опкружување во градинката, да се оспособат за самостојно запознавање на себе си во средината кога биле мали и поголеми, да се поттикнуваат слободни игри и игри на улоги во семејно - драмскиот центар кој им овозможува да ги запознаваат улогите на мајката и таткото во семејството, да се оспособат за раскажување и опишување на настани поврзани со задничките доживувања на семејството и истото ликовно да го изразуваат преку детски творби.
