Децата од сите објекти на градинката традиционално, во пресрет на Велигден, со разни активности го пречекаа овој голем празник. На темата „Велигден во нашата градинка“, децата активно работеа и најнапред се запознаа со традицијата и обичаите за овој голем празник, читаа разни приказни, текстови, слушаа велигденски песни, креираа разни ликовни творби. За весела и празнична атмосфера во градинката се изработија разни велигденски честитки, велигденски украси, велигденски декорации и сите овие изработки подготвени од децата и помош од возрасните ги украсија просториите на градинката, а со тоа уште создадоа празнична атмосфера на овој празник и на сите им порачаа: СРЕЌНИ ВЕЛИГДЕНСКИ ПРАЗНИЦИ.
