Пролетта ни пристигна
зелена и цветна
шарена со илјада бои
својот пролеттен фустан го крои.
Децата од сите објекти на градинката традиционално со пролеттен хепенинг го одбележаа пристигнувањето на пролетта. Со песна и во весела атмосфера, во петокот, на убав сончев ден засадија цветни и зимзелени садници во дворовите на градинката. Тие со своите вредни раце го оплеменија и збогатија хортикултурниот амбиент во градинката и како прави екологисти ветија дека ќе се грижат за својата околина. Голема благодарност и до родителите за нивната соработка и позитивен одзив за донирање на пролеттни садници во градинката.