ДЕНОВИ НА ПРОЛЕТТА И ЕКОЛОГИЈАТА ВО НАШАТА ГРАДИНКА

Децата од Матичниот објект се подготвија за пречек на пролетта, а преку еко-патроли, акции за засадување на садници и други активности научија како и тие, децата, можат да учествуваат во заштита на животната средина. Еве што нам ни порачаа:

ПЕСНА ЗА ПРОЛЕТТА

Во главчето имам 
една добра мисла,
природата сакам 
да ја гледам чиста.

Воздух свеж да дишам,
Здрава храна да си каснам
На зелена ливада сакам
Среќно јас да растам.