Снегулки паѓаат
во „Парк“ сè е бело,
баба Зима царува
во бело одело.
Колку меки снегулки
на небото има,
толку детски насмевки
и игри во зима.
Снешковци насмеани
исправено стојат,
вредните дечиња
песна им пејат:
„Чувајте ја сега
градинката наша,
додека Сонце не огрее
ќе биде и ваша”.
Фотографиите може да ги погледнете на следниот линк: